Конференција посветена на македонскиот пазар на хартии од вредност

22

Македонската берза, Комисијата за хартии од вредност и Централниот депозитар за хартии од вредност организираат заедничка конференција посветена на македонскиот пазар на хартии од вредност.

Централен настан на конференцијата ќе биде Дебатниот форум “25 години пазарна економија во Република Македонија и состојбите на пазарот на хартии од вредност“.

На форумот ќе бидат презентирани и изјави на експерти од областа на пазарот на хартии од вредност од Словенија, Хрватска и Бугарија.

Форумот ќе се одржи денеска во хотелот Александар Палас, а ќе бидат доделени и наградите “Кристално ѕвоно“ за најтранспаретните котирани акционерски друштва во 2014 година и награди за овластени учесници на македонскиот пазар на хартии од вредност.