Конференција за зелена градба

15

Првата конференција за зелена градба во земјава се одржува денеска во организација на Македонскиот совет за зелена градба со поддршка од Сојузот на стопански комори на Македонија (ССК).

Целта на конференцијата е започнување со зеленото делување и создавање нови трендови во градежништвото, дефинирање ист јазик за зелена градба со Европа и остатокот на светот, запознавање на стручната и општата јавност, како и подигнување на јавната свест на национално ниво со промовирање на праксата и технологијата на зелена градба.

На конференцијата Обраќање ќе има министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески, а планирано е да учествуваат и пратеници, претставници на стопанските комори, како и претставници на повеќе компании и експерти од јавниот и приватниот сектор.