Контроверзниот Robinhood излегува на берза

65

Кон крајот на минатата недела, Комисијата за хартии од вредност на САД (Securities and Exchange Commission – SEC) гo доби официјалниот финансиски извештај и податоците неопходни за регистрација на компанијата Robinhood Mrkets за влез на американската берза, преку индексот Nasdaq.

Robinhood не престанува да го привлекува вниманието на јавноста од почетокот на оваа година. По аферата со акциите на GameStop, кои малите инвеститори масовно ги купуваа преку оваа платформа за тргување со хартии од вредност, во обид да им наштетат на големите инвестициски фондови, пред неколку дена официјалниот финансиски регулатор ја изрече најголемата казна во историјата на тргувањето со Wall Street.

Но, Robinhood сè уште оди чекор понатаму и покрај крената прашина. Во регистарскиот лист доставен до SEC, се предлага берзански тикер HOOD, објавува Financial Times.

Компанијата во моментов е проценета на околу 40 милијарди долари пазарна вредност. Има околу 14 милиони корисници, кои во просек имаат 3.500 долари на своите сметки. Останува да се види дали и колку тоа ќе го привлече вниманието на инвеститорите.

Фото: Facebook