Најголема казна во историјата на Wall Street – Robinhood треба да плати 70 милиони долари

33

Robinhood е платформа за онлајн тргување со акции на берзите на Wall Street, чиешто постоење и обемот на тргување кое се прави преку нив од таканаречени мали инвеститори, предизвикаа неколку контроверзни ситуации од почетокот на 2021 година.

Financial Industrial Regulatory Authority (FINRA), како актуелно регулаторно тело за сите трансакции на Wall Street, одлучи да го казни Robinhood со 70 милиони долари за “системски превид“ за нанесување штета на инвеститорите со давање погрешни информации.

Ова е досега најголемата изречена казна во историјата на работењето на FINRA.

Казната е изречена за долгорочните системски прекинувања на тргувањето на платформата што се случија во текот на март 2020 година, како и за недоволно објаснети процедури за тргување со опции, што доведе до самоубиство на еден дваесетгодишен трговец.

Robinhood ќе мора да плати 57 милиони долари казна и уште 12,6 милиони долари плус камата за отштета на голем број оштетени инвеститори.

Пред само неколку месеци, оваа платформа беше доживеана како прозорец за малите инвеститори да влезат на берзата во САД. Основана е пред осум години во Калифорнија како финансиски старт – ап од Бугаринот Владимир Тенев и Американецот со индиско потекло, Баиџу Прафулкумар Бат.

Фото: Facebook