Koola – платформа што ги поврзува салоните за автомобили со своите клиенти

30

 

koola

Фото: Koola.io

Сергио Ермакора и Бруно Омеровиќ се основачи на Koola Smart CRM платформа од Босна и Хецеговина што ги поврзува салоните за автомобили со своите клиенти, овозможувајќи им различни услуги, со што ја добиваат лојалноста на купувачите, го зголемуваат нивното задоволство, а со тоа и пораст на приходите, пишува Akta.ba.

Преку оваа платформа, салоните за автомобили анализираат дали автомобилот на нивниот клиент е расипан и бараат начин како да го санираат проблемот.

“Нашата идеја е connected – car решение во форма на паметна CRM (customer relationship management) платформа со чија помош салоните за автомобили ќе имаат повеќе информации за состојбата на автомобилите на своите клиенти (безжична дијагностика на автомобили, следење на возила доколку се случи грешка, дијагностицирање на проблем и негов точен опис). Со користење на ова иновативно решение се нуди можност за пружање подобра услуга на постоечките и новите клиенти. Софтверот што го креиравме функционира со помош за OBD2 уреди, што се приклучуваат на автомобилите, по што се испраќаат податоци на нашата платформа, каде што се обработуваат и на крајот даваат јасна слика за состојбата на автомобилот“, вели Омеровиќ.

Засега овој старт – ап соработува со 24 салони за автомобили во Европа.