Корисниците на Facebook донирале над две милијарди долари во добротворни цели

25

Иако беше мета на многу критики во последно време, Facebook направи и нешто добро. Како што стои во нивната официјална објава, корисниците на социјалната мрежа донирале над две милијарда долари во разни добротворни цели.

Тоа било спроведено преку системот Fundraisers и, како што се наведува, сумата е двојно поголема од пред 10 месеци. Околу 45 милиони корисници придонеле со свои донации – некои од нив ги започнале кампањите, а некои само се приклучиле со одредена сума.

Најмногу пари биле донирани за Детската болница St. Jude во Тенеси – дури 100 милиони долари. Една милијарда од средствата биле од таканаречените роденденски фондови.

Фото: Facebook