Корона бизнис бонтон

90

“Ракувањето“ со лакти стана синоним за поздрав во време кога владее страв од ширење на заразната корона. Но, тоа нема да биде само моментален тренд, туку начин на којшто бизнисмените ќе се поздравуваат кога ќе се сретнат или запознаат.

Токму овој тренд на “ракување“ би можел да прерасне во навика во деловниот свет како последица од кризата што ја предизвика коронавирусот. Така, бизнисмените ќе покажат почитување кон своите деловни партнери, соработници или клиенти, а од друга страна ќе се заштитат себе и нив од евентуална зараза.

Освен тоа, меѓу навиките во бизнис светот што ќе се променат “благодарение“ на пандемијата е и одржување на онлајн состаноци. Иако тие беа пракса и порано, некои менаџери или претприемачи им даваа поголема предност на тет а тет средбите. Секако, тие се најдобриот начин да се запознае соработникот или клиентите, да се спречат можни недоразбирања и да се договорат дури и најситните детали околу работата. Сега веќе заедничките средби ќе бидат наменети само за најважните детали, а сè останато ќе може да се реши преку Zoom, Skype, Viber или доволно по мејл.

Помалку доцнење, повеќе време за себе. Голем е бројот на менаџери кои своите бизниси ги “преселија“ во своите домови, па затоа ќе имаат повеќе време за извршување на своите обврски, нема да заглавуваат во сообраќајниот метеж, па со тоа и нема да има доцнење на важни состаноци коишто секако се одвиваат онлајн. Иако на потешкиот начин, пандемијата сепак нè научи дека нема ништо поважно од сопственото и здравјето на луѓето со кои сме окружени. Затоа, бизнис светот ќе се фокусира на суштински работи, нема да се губи време на непотребни работи што само ги трошат и така ограничените ресурси (време, пари…).

Како ќе изгледаат деловните вечери? Дека нема да бидат како досега е точно, бидејќи сега ќе се одвиваат во поинакви услови. Рестораните ќе бараат заграден простор на којшто ќе се одржува потребната социјална дистанца. Можеби како опција ќе биде некој отворен простор со спакувана храна за да се минимизираат ризиците и да се заштити здравјето.

Фото: Pexels