Бидејќи пандемијата во некои земји е во благ пад, хотелите ширум светот сè повеќе наоѓаат креативни начини да привлечат гости.
Па така, хотелот Hyatt Regency Bangkok Sukhumvit од Тајланд нуди пакет што им овозможува на гостите да останат цела година за 27.000 евра.
За овие пари гостите ќе добијат одржување на апартманот, појадок, лесни закуски, предјадења и коктели, како и бесплатен паркинг и употреба на сала за состаноци. Покрај тоа, постојат и низа други придобивки за едногодишните жители.
Ако некој од гостите има роденден, хотелот ќе организира забава на покривот до 20 лица, со два бесплатни пијалаци. Покрај тоа, тие ќе добијат 10 бесплатни масажи и 10 патувања со лимузина во Бангкок.
А за оние кои се заморуваат со градот, вклучено е десетдневно ноќевање во имотите на Hyatt Regency Bangkok Sukhumvit во Хуа Хин, Пукет и Самуи.
Фото: Facebook