Корона кризата им “стопи“ 54 милијарди фунти

39

Најбогатите Британци изгубија 54 милијарди фунти (околу 60,4 милијарди евра) во последните два месеци поради пандемијата од коронавирус.

Independent ги пренесува резултатите на едно истражување според кое пандемијата на  вирусот довела до голема загуба кај најбогатите Британци.

По светската економска криза од 2008 година, богатството на овие луѓе продолжи да се зголемува од година во година, така што првите шест од нив заработија повеќе од 13,2 милиони најсиромашни Британци заедно.

Сепак, со пандемијата на коронавирусот и нејзиното негативно влијание врз економијата, илјадници најбогати Британци изгубија 54 милијарди фунти во последните два месеци.

На списокот на најбогатите сега се наоѓа Сер Џејмс Дајсон, кој заработи 3,6 милијарди фунти во текот на претходната година и со тоа го зголеми своето богатство на 16,2 милијарди.

Дајсон се најде на првото место на листата и покрај загубата од 500 милиони фунти, откако се откажа од проектот за електричен автомобил.

Фото: Pixabay