Корона кризата на Германија ѝ донесе голем минус

176

Последиците од пандемијата на коронавирусот ѝ донесоа огромен дефицит на Германија во првите три квартали од минатата година.

Буџетскиот дефицит на Германија што ја опфаќа федералната држава, покраините и општините изнесува 157,1 милијарди евра во првите девет месеци од минатата година.

Според податоците на германскиот Федерален завод за статистика (Destatis), јавните приходи на земјата се намалени за 4,3% во период јануари – септември 2020 година, во споредба со истиот период од претходната година.

Фото: Pixabay