Коронакризата може да избрише 46 милиони работни места во авиоиндустријата

29

Колапсот во авиоиндустријата предизвикан од пандемијата со коронавирусот може да избрише 46 милиони работни места ширум светот што претставува повеќе од половина од вкупните работни места во тој сектор.

Овој податок е резултат на новото истражување за тоа колку долгорочните падови на авионскиот сообраќај и туризмот се штетни за глобалната економија.

Акционата група за воздушен транспорт (Air Transport Action Group – ATAG) објави дека повеќе од половина од постојните работни места во авијацијата може да бидат изгубени како резултат на пандемијата. Многумина во авионската индустрија не очекуваат овој вид патувања да се врати на стариот пат до 2024 година.

Намалување на бројот на работни места во авиокомпании и аеродроми одамна започна и бројни компании како Lufthansa, Ryanair и други беа приморани на кратење на трошоците и укинување на рути, но и отпуштање на работници, пренесува Seebiz.

Фото: Pixabay