Корпоративни зделки од 5,63 трилиони долари беа склучени во 2021 година

За прв пат во историјата, корпоративните трансакции ширум светот надминаа 5 трилиони долари, според Dealogic, цитиран од Ројтерс.

Од почетокот на 2021 година до 16 декември, вкупната вредност на превземањата и спојувањата достигна 5,63 трилиони долари – зголемување од дури 63 отсто во однос на 2020 година.

Претходниот рекорд беше поставен во 2007 година, кога беа направени зделки во вредност од 4,42 трилиони долари.

Вообичаено, најголем дел од зделките се во здравствениот и технолошкиот сектор, а оваа година трендот останува непроменет.

Во САД обемот на трансакции се удвоил на 2,61 трилиони долари, во Европа растот бил 47 отсто на 1,26 трилиони долари, а во Пацификот се зголемиле за 37 отсто на 1,27 трилиони долари.

Експертите велат дека спојувањата и преземањата се поддржани од рекордното ниво на слободни средства во билансите на компаниите, како и од акумулираната побарувачка од минатата година, кога зделките паднаа на најниско ниво во последните три години поради неизвесноста.

Остриот пораст на вреднувањето на јавните претпријатија, исто така, им даде сила да ги користат нивните акции како валута за преземање.

Бројот на зделки не се намалува до крајот на годината, бидејќи компаниите и инвеститорите брзаат да ги искористат евтините пари пред идното зголемување на каматните стапки во САД.