Согласно потпишаниот Договор помеѓу Министерството за финансии и Македонска берза АД Скопје, како и донесената Одлука на Одборот на директори на берзата на седницата одржана на 20-ти декември, почнувајќи од 08.01.2019 година на Официјалниот пазар на Македонската берза на хартии од вредност АД Скопје, ќе бидат примени на котација и ќе започне тргувањето со 132 емисии на државни обврзници, со вкупна номинална вредност од 54.184.070.000 денари.
Обврзниците се издадени во денари, со годишна исплата на камата, додека главнината се исплаќа на денот на достасувањето.
Структурата на обврзниците според рочноста е следна:
o Двогодишни обврзници: 5
o Тригодишни обврзници: 7
o Петгодишни обврзници: 4
o Десетгодишни обврзници: 39
o Петнаесетгодишни обврзници: 74
o Триесетгодишни обврзници: 3.
Согласно потпишаниот Договор помеѓу Министерството и берзата, во наредниот период ќе продолжи котацијата на сите идни емисии на државни обврзници за кои ќе биде поднесено барање од Министерството до берзата.