Котор и понатаму најскап град во Црна Гора

178

OLYMPUS DIGITAL CAMERA

Котор и понатаму е најскап град во регионот, а минималната потрошувачка кошничка за месец мај оваа година изнесувала 925 евра, изјави општинскиот синдикалист Илко Маровиќ, пишува портал Аналитика.

Структурата на потрошувачката кошничка покажува дека минималните трошоци за храна се преку 278 евра, трошоците за непрехранбени производи и услуги околу 437 евра и вредноста на импутираната рента е 210 евра.

Потрошувачката кошница на ниво на Црна Гора за мај изнесува 792 евра.

Во март минималната потрошувачка кошничка во Котор изнесуваше 926,35 евра, а според податоците на агенцијата за статистика Монстат, минималната потрошувачка кошничка во март во Црна Гора изнесувала 797,90 евра.

Просечната плата во Црна Гора во март била околу 480 евра.