Ковид тренд: Плаќаат некој место нив да чека ред за тестирање

104

Во Њујорк во последно време има малку необичен тренд, плаќаат и по 80 долари на час, за да чека некој друг место нив ред за тестирање. Во овие редови стојат невработени, кои не ги почитуваат епидемиолошките мерки.

Богатите жители на Њујорк плаќаат некој друг место нив да чека ред за тестирање на коронавирусот, а според New York Post, некои се подготвени да платат и до 80 долари за час.

“Тоа го направив веќе пет пати. Еден ден стоев во два реда, секој ден добивам барања и сум прилично зафатен“, вели еден Њујорчанец, кој останал без работа, а сега чека ред за тестирање за некој друг за пари.

Во редовите најчесто има невработени, кои се обидуваат да заработат. Побарувачката за ваква работа расте, а таа пракса ја зголемува поделбата меѓу оние кои едвај преживуваат со оние кои тоа го злоупотребуваат.

Фото: Freepik