Крај на драмата со товарниот брод во Суецкиот канал

320

Товарнот брод Ever Given кој се заглави во Суецкиот канал минатата недела, конечно е ослободен денес.

Ever Given e успешно вратен во пловна положба утрово во 4:30 и е безбеден, соопшти компанијата Inchape Shipping.

Уште нема информации кога Суецкиот канал повторно ќе биде пуштен за сообраќај.

Најмалку 369 бродови меѓу кои бродови со контејнери, нафтени танкери и бродови кои превезуваат природен течен гас чекаат на транзит низ каналот, а штетата од застојот се проценува на милијарди долари.

Фото: Facebook