Крајниот потрошувач заслужува производ во беспрекорна форма

94
int-fr
Драгица Цекова, менаџер на продажба во Евромак, Струмица

Безбедноста на храната станува се поважна и поради таа причина се вршат испитувања и анализи на секој производ. Големата распространетост се должи пред се на високо квалитетните производи.

БИ: Каква компанија е Евромак, со што се занимава? Што се функционира во рамките на компанијата?

Евромак е основана во 2000 година како увозна – извозна компанија во секторот на овошјето и зеленчукот. Според следењето на основните принципи, односно инвестирање во тимот и доставување на производите во беспрекорна форма до крајните потрошувачи, компанијата ги постигнува зацртаните цели. Производите во компанијата коишто во поголем дел се извезуваат на странските пазари, се со врвен квалитет, бидејќи поминуваат низ низа процеси како што се селектирање, калибрирање, пакување, со што се постигнува посакуваниот ефект. Во рамките на компанијата функционира и друштво за транспортни услуги која врши навремено и безбедно доставување на стоката до клиентите.

evromak 2

БИ: Кои се вашите снабдувачи и вашите крајни потрошувачи?

Снабдувачи на компанијата се претежно индивидуалните земјоделци од струмичкиот регион, но вршиме откуп на овошје и зеленчук и од останатите региони во Република Македонија. Пред се нашите снабдувачи се потрудија да ја стекнат нашата доверба во контекст на квалитетот и обемот на производството. Безбедноста на храната станува се поважна и поради таа причина се вршат испитувања и анализи на секој производ. Крајните потрошувачи се сите што конзумираат овошје и зеленчук. Нашите производи се достапни како на домашниот, така и на странскиот пазар. Големата распространетост се должи пред се на високо квалитетните производи.

evromak 3

БИ: На кои пазари извезувате? Што е она што најмногу се бара?

Извезуваме за Русија, Балтичките држави, Скандинавските држави, некои земји од Европската унија, во земјите членки на ЦЕФТА и ЕФТА, а соработуваме и со Турција. Се надеваме дека во блиска иднина ќе се прошириме на глобално ниво. Побарувачката е различна во зависност од понудата на производите, но најбарани производи се зелката и лубеницата.

evromak 1БИ: Дали работите со органски производи? Сте имале побарувања за нив?

Не, не работиме со органски производи од причина што самите производи се многу скапи, а и производителите ги произведуваат во многу мали количини.

БИ: Кои се најголемите проблеми и предизвици со кои се соочувате во работата?

Во глобала секогаш постојат проблеми, но се справуваме со нив. Соработуваме со реномирани компании, кои имаат потреба од вонсезонски производи коишто во дадениот момент ги нема во нашата земја. Со самиот факт што не можеме да ги набавиме тие производи се нарушуваат односите со компаниите, а тоа може да резултитра и со губење на секаков однос со истите.

БИ: Низ какви контроли минуваат зеленчукот и овошјето при извоз?

Прво се почнува од внатрешна контрола која функционира во самата компанија, односно има одговорно лице – контролор кој го оценува квалитетот на овошјето и зеленчукот. Евромак поседува сертификат ISO 9001:2008 со имплементација на HASSAP системите. Овие системи припишуваат одредени правила и мерки за квалитетот што треба да ги поседуваат овошјето и зеленчукот и истите се почитуваат. Целиот процес на контрола за квалитетот на производот го завршуваат фитосанитарните инспектори со издавање на фито сертификат. Со сертификатот е потврден квалитетот на овошјето и зеленчукот.

evromak 4

БИ: Што планирате во поскора иднина?

Како и сите микро и мали компании, така и нашата компанија се стреми да го прошири својот пазар на глобално ниво со свежи и квалитетни производи со географско потекло.