Кралска дизајнерка пред банкрот

28

Клое Севиџ, која помогна во изработката на венчаниците на Кејт Мидлтон и Меган Маркл, би можела да остане без покрив над главата, пренесува магазинот People.

Британската дизајнерка, која е позната по рачната изработка, се труди да обезбеди егзистенција за семејството во текот на пандемијата, но не знае дали ќе успее да ги задржи домот и работилницата.

Ситуацијата во која се наоѓа во овој момент е исклучително тешка, бидејќи целосно е запрена продажбата на венчаници и луксузни фустани.

“Мојата 14-годишна ќерка ги прескокнува оброците за да заштеди пари“, вели Севиџ.

Клое соработувала со многу познати британски личности, меѓу кои е Викторија Бекам, но сега се прашува дали повторно ќе може да работи во својот салон.

Фото: Facebook