Креаторот на Етереум доби црногорско државјанство

119

Еден од најголемите експерти во блокчејн индустријата, основачот на Ethereum, Виталик Бутерин, доби црногорско државјанство, соопшти Министерството за финансии и социјална заштита (MFSS).

Тие додаваат дека државјанството на Бутерин е доделено согласно член 12 од Законот за црногорско државјанство.

„Бутерин се здоби со црногорско државјанство  на предлог на премиерот на Црна Гора, Здравко Кривокапиќ и по иницијатива на министерот за финансии и социјална заштита, Милојко Спајиќ, и мислење на тој ресор. Увидувајќи ја важноста на оваа иницијатива, министерот за внатрешни работи (МУП), Сергеј Секуловиќ, на предлог на премиерот донесе одлука Виталик Бутерин да добиецрногорско државјанство, а вчера му беше врачен црногорски пасош“, стои во соопштението на MFSS.

Од тој владин ресор рекоа дека „група светски експерти од оваа област ја посетија Црна Гора на покана на министерот Спајиќ, а соработката со нив е од особено значење за придонес во развојот на црногорската економија, привлекување инвестиции и создавање високо платени работни места во таа индустрија.“

„Виталик Бутерин, како најпознатото име на оваа индустрија, ќе придонесе за понатамошна промоција на Црна Гора и севкупниот развој на крипто индустријата во нашата земја. Црна Гора работи на воспоставување законска рамка која ќе овозможи најдобра употреба на оваа технологија и ќе придонесе за растот на бруто домашниот производ“, велат од MFSS.