Креаторот на Етереум сега е милијардер

304

Виталик Бутерин, 27-годишен руско-канадски програмер, го создаде Етереум во 2013 година кога имал 19 години. Криптовата валута беше лансирана во 2015 година, а сега Бутерин во паричникот држи околу 333.500 етери.

Ако тоа се помножи со рекордно високиот етер од 3.500 долари колку што вредеше оваа крипто валута во вторникот, се добива повеќе од 1,1 милијарди долари. Цените на етерот се зголемија за четири пати во 2021 година и пораснаа за 375%.

Оваа криптовалута во моментов е втора по големина дигитална валута според пазарната вредност – вреди нешто помалку од половина од пазарната капитализација на биткоинот. Според CoinMarket, вкупната вредност на целиот етереум во оптек сега изнесува околу 403 милијарди долари. Цената на еден етер денеска е околу 3.250 долари.

Фото: Facebook