Кревко закрепнување – шести извештај на СБ за економската состојба на земјите од ЈИЕ

13

Светска банка (СБ) денеска го презентира шестото издание од серијата извештаи за состојбата на економиите во jугоисточна Европа (ЈИЕ).

Шестото издание насловено како Кревко закрепнување го разгледува закрепнувањето на економиите во земјите на југоисточна Европа по рецесијата во 2012 година, со пораст во просек од 2,2% во 2013 година.

Секоја од земјите забележа позитивна стапка на раст во 2013 година кој се движи или надминува 3% во Македонија, Косово и Црна Гора.