Кристалина Георгиева поддржува одвојување 650 милијарди долари за закрепнување од пандемијата

23

Извршната директорка на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), Кристалина Георгиева изјави дека ги поддржува дискусиите за можна нова распределба на 650 милијарди долари за поддршка на глобалното закрепнување од пандемијата на коронавирусот.

“Планирам до јуни да доставам официјален предлог до Управниот одбор на ММФ за одобрување на нова распределба на 650 милијарди американски долари врз основа на проценка на долгорочните потреби на земјите-членки на ММФ за глобални резерви и во согласност со членовите од договорот и мандатот на ММФ“, рече Георгиева.

Таа додаде дека распределбата на 650 милијарди американски долари, доколку биде одобрена, ќе обезбеди значителен поттик за ликвидноста на земјите-членки, без зголемување на нивниот долг.

Финансирањето може да се искористи и за поддршка на програмите за вакцинација, рече Георгиева.

Повеќе од 124 милиони луѓе ширум светот во моментов се заразени со коронавирус, а од Ковид-19 починаа повеќе од 2,7 милиони лица, покажуваат податоци на Универзитетот Џонс Хопкинс.

Фото: Pixabay