Критовалутите достигнаа вредност од 2 трилиони долари

66

Пазарната капитализација на сите криптовалути денес за прв пат се приближи на нивото од двa трилиони долари.

Вредноста на сите 9.115 криптовалути што ги следи веб-страницата CoinMarketCap.com, имаше комбинирана пазарна вредност од 1,996 трилиони долари, што претставува зголемување од околу 2,6% во последните 24 часа.

Вкупната вредност на сите криптовалути на почетокот на јануари надмина еден трилион долари, потпомогната од силниот пазар на 12-годишниот биткоин (BTK), како и поставување алтернативни дигитални средства, вклучувајќи етер (ETH), матична валута на блокчејн мрежата на Етереум.

Се разбира, најзаслужен за овој раст е биткоинот. Пазарната капитализација на најпопуларната криптовалута на почетокот на оваа година беше 680 милијарди долари за да скокне на 1,1 трилиони долари во овие денови.

Неодамнешните објави за движења на крипто-валути од страна на етаблирани финансиски играчи како што се Visa, PayPal, Goldman Sachs и Morgan Stanley ја зајакнаа довербата на трговците дека крипто-валутите исто така ќе станат дел од финансискиот мејнстрим.

Фото: Pixabay