Кризата би можела да ја зголеми нееднаквоста во Европа

22

Европа и понатаму важи за регион со најголема еднаквост во светот, но кризата предизвикана од пандемијата би можела да ја зголеми разликата во приходите, предупредуваат француски економисти. Тие повикуваат да е намали оданочувањето на економиите за да им се помогне полесно да ја надминат кризата.

Тие доаѓаат со предупредување во момент кога во Европската унија се спори планот за закрепнување во вредност од околу 750 милијарди евра, а којшто е клучен за ублажување на последиците од пандемијата.

Во текот на минатата година, приходите на 10% од најбогатите во Европа чинеле околу 35% од вкупните приходи, а 10% од најбогатите на Блискиот исток, каде нееднаквоста е најголема, оствариле 56% од вкупните приходи.

Економистите оценуваат дека во Европа е “забележан пораст на нееднаквоста од 80-тите години, но е далеку помалку изразена одошто во САД. Таа и понатаму важи за област на релативна еднаквост во светот“.

Тоа се објаснува и со политика на редистрибуција на приходи но и со одлуките да се финансира инфраструктура и квалитетни јавни услуги, како и регулација на пазарот на труд.

Економистите се залагаат за поголемо оданочување на дигитални компании, како што се Google, Apple, Facebook и Amazon, а за тоа е потребна поголема соработка меѓу Германија, Италија, Франција и Шпанија на подрачјето на даноците, за коишто се одлучува едногласно.

Фото: Freepik