Кризата глобално укинува 400 милиони работни места

76

Меѓународната организација на труд (МОТ) очекува дека работните часови на глобално ниво ќе опаднат за 14% во вториот квартал на 2020 година, како резултат на пандемијата на коронавирусот.

Тој пад е еднаков на загубата на 400 милиони работни на полно работно време на глобално ниво во вториот квартал, на база на стандардната работна недела од 48 часа.

МОТ претходно предвиде пад на работните часови од 10,7%, односно загуба на 305 милиони работни места за тој период.

Најмногу се погодени Северна, Централна и Јужна Америка со проценет пад на работните часови од 18,3% или загуба од 70 милиони работни места на полно работно време.

Фото: Freepik