Кроација Осигурување избрана на тендерот за осигурување на Македонска пошта

24

mk postaКроација Осигурување А.Д. е избрана за најдобар понудувач на тендерот за осигурување на А.Д. Македонска пошта.

“Договорот со најповолниот понудувач ќе биде потпишан во согласност со законските прописи и правилата предвидени во процедурата на јавната набавка. Полисата за осигурување ќе го опфати временскиот период кој е предвиден во техничката спецификација на отворената постапка, како и тендерската документација, односно од 1 јануари 2013 година”, соопшти Македонска пошта.

Според тоа, се посочува во соопштението, Македонска пошта нема да има никакви финансиски реперкусии во однос на настанатите штети од неодамнешниот пожар. Штетата ќе биде покриена во рамки на процедурата за јавна набавка за осигурување на компанијата.