Куба постапно ги отвора границите за странски туристи

44

Кубанскиот премиер, Мануел Мареро, најави дека поголемиот дел од карипската земја на почетокот на следната недела ќе биде отворена за меѓународни туристи.

Куба ги затвори границите за странски гости пред шест месеци поради пандемијата, а од следната недела постапно ќе ја крева рампата за странски гости.

Од вкупно 16 кубански провинции, за почеток ќе бидат отворени 13. Меѓу нив не е и главниот град на Куба, Хавана, во којшто потребно е дополнително смирување на пандемијата со помош на рестриктивни мерки, меѓу кои беше и полициски час.

Инаку, туризмот е еден од водечките извори на прилив на странски валути во Куба, па пандемијата дополнително ѝ создаде проблеми на локалната економија.

Кубанскиот здравствен систем досега се бореше со пандемијата преку задолжителна хоспитализација на сите потврдени случаи, како и преку следење и изолирање на сомнителните контакти во посебни објекти.

Фото: Pixabay