Кубан за една од најголемите зделки во историјата на крипто: „Брилијантен договор“

133

Неодамна, крипто просторот беше сведок на една од најголемите зделки во историјата – 700 милиони долари за преименување на Стејплс Центарот. Познатиот дом на кошаркарите на Л.А. Лејкерс, беше преименуван во Crypto.com Арена.

Маркетиншките потези на Crypto.com стануваат поефикасни, што можеме да го видиме од цената на криптовалутата на платформата. Крипто берзата за прв пат објави видео реклама во која се појавува американскиот актер и продуцент Мет Дејмон. Оваа реклама ја зацврсти вербата во проектот со својот слоган – „судбината ги сака храбрите“.

И сега – арената, во која се сместени различни професионални спортски тимови во Л.А., го менува своето име. Марк Кубан, сопственик на Далас Маверикс, ја коментираше промената.

Зборувајќи за НБА, претприемачот во сесија прашања и одговори беше прашан што мисли за договорот, на што тој одговори дека „мисли дека тоа е брилијантен договор“.

Кубан не е еден од оние луѓе кои се плашат да ги кажуваат своите ставови за крипто. Шефот на Далас Маверикс е силен поборник за усвојување на криптовалутите, особено како платежна услуга. Тоа е очигледно и во неговите потези да прифати криптовалути како што се Bitcoin (BTC) и Dogecoin (DOGE) на официјалната веб-страница и продавница на Далас Маверикс.

Кубан, исто така, изрази задоволство од она што го прават крипто компаниите. Зборувајќи за Crypto.com, FTX и Voyager, милијардерот смета дека овие компании имаат многу добри резултати. Тој посочи и на фактот дека пред извесно време биле релативно непознати и постигнале голем успех во својата област.

„Овие крипто компании, кои не ги знаете и не сте слушнале досега, всушност имаат феноменален бизнис“, рече Кубан.

Кубан беше воодушевен од успехот во кој компаниите како Crypto.com уживаат во последно време. Меѓутоа, тој имал проблем со локацијата на многу од овие компании. Посочувајќи на почетокот на ерата на Интернет, милијардерот рече дека овие компании не се основани на американско тло, како што беше случајот со интернет компаниите. Наместо тоа, овие крипто компании се шират низ целиот свет.

Единствениот проблем е што, за разлика од раните денови на Интернетот, кога сите беа со седиште во Соединетите Држави, поради неизвесноста околу крипто регулативата овде, некои од овие компании се со седиште надвор од Соединетите држави и управувани од Американци.

Кубан рече дека тоа е негов проблем со овие бизниси, бидејќи сака тие да бидат на американско тло. „Но, освен тоа, тие се брилијантни“, додаде тој.