Kuehne + Nagel го одржа своето годишно собрание за 2019

28

На годишното собрание на Kuehne + Nagel International AG, коешто се одржа вчера, присутните акционери учествуваа со 84,08% од гласачкото тело и сите предлози беа одобрени од големото мнозинство.

Акционерите го одобрија извештајот за статусот, финансиските извештаи и консолидираните финансиски извештаи за деловната 2018 година, откако ги земаа во предвид  ревизорските извештаи и ги проследија предлозите на Одборот на директори за дивиденда од 6 CHF (5,25 евра) бруто по акција. Исплатата е закажана од 13 мај 2019 година па натаму. Дополнително, на годишното собрание беше доделено ослободување на Одборот на директори и Управниот одбор за деловната 2018 година.

Избори

Одбор на директори

Д-р Ренато Фасбинд, Карл Гернант, Клаус-Мајкл Кјуне, д-р Томас Стахелин, г-ѓа Хауке Старс, д-р Мартин Витиг и д-р Јоерг Воле беа поединечно реизбрани за период од една година до завршување на следната годишна средба. Дејвид Каменецки, државјанин на Германија и Швајцарија, беше избран како нов член на Одборот на директори за истиот мандат..

Претседател на Одборот на директори

Со големо мнозинство гласови, д-р Јоерг Воле беше реизбран за претседател на Одборот на директори за горенаведениот термин.

Компензационен комитет

Акционерите ја следеа препораката на Управниот одбор за повторно избирање на Карл Гернант и Клаус-Мајкл Кене за членови на Компензациониот комитет за уште еден едногодишен мандат до завршување на следната годишна средба.Г-ѓа Хауке Старс беше новоизбрана за горенаведениот мандат.

Независен полномошник / законски ревизор

Investarit AG, Zurich беше избран за независен полномошник; мандатот на Ernst & Young AG како законски ревизор за годината 2019 беше одобрен од страна нa годишното собрание.

Извештај за награди

На консултативно гласање акционерите го одобрија Извештајот за наградување од 2018 година.

Гласање за наградување

Вкупниот максимален износ на надоместок за членовите на Одборот на директори беше одобрен во согласност со законските барања коишто го опфаќаат периодот до крајот на наредното годишно собрание Со посебно гласање акционерите го потврдија вкупниот максимален износ на надомест за Управниот одбор, којшто ја покрива следната деловна година,-та 2020.

Следното годишно Генерално собрание ќе се одржи во вторник, 5 мај 2020 година.