Kuehne + Nagel го зајакнува своето присуство во Панама

15

kn_sf_0080

Фото: Kuehne + Nagel

Со стратешка локација близу до проширениот Панамски канал, новиот отворен објект на Kuehne + Nagel ќе спроведува активности за прием, складирање и дистрибуција на брендови на Unicomer Group, оператор со повеќе од 1.000 продавници во 24 земји.

Оперативноста на новиот склад претставува важен чекор за проширување на логистичките услуги на Kuehne + Nagel во Централна Америка. Поради пристапот до разновидни поморски рути и фреквенцијата на транспортот, локацијата во рамките на слободната зона Колон, втора по големина зона на слободна трговија во светот и најголема на западната хемисфера, носи логистички придобивки за корисниците на Kuehne + Nagel и ќе го олесни пристапот до нови пазари.

“Го избравме Kuehne + Nagel како наш логистички провајдер поради својата експертиза во логистиката и важното присуство во регионот. Згора на тоа, локацијата на магацинот, исто така, ќе го фаворизира нашиот бизнис и конкурентноста поради близината до нашите главни пазари во Латинска Америка, обезбедувајќи брза и економична испорака до нашите продавници”, вели Мабел Пацеко, менаџер за корпоративна трговија на Unicomer Group.

Рикардо Роха, управен директор на Kuehne + Nagel Централна Америка и Карибите, рече: “Задоволни сме од довербата што ни ја даде Unicomer Group и со нетрпение очекуваме да продолжиме со ова успешно партнерство преку обезбедување на нашите иновативни услуги за складирање и дистрибуција. Со новиот објект во слободната зона, ние сме во можност да ја зајакнеме нашата позиција на клучен пазар како што е Панама, како важен центар за Јужна и Централна Америка, како и на Карибите, преку нашите од почеток до крај решенија.”