Kuehne + Nagel избран за клучен партнер за реконструкција на А380 авиони

14

Kuehne + Nagel доби тригодишен договор за логистика за проект за реконструкција на А380 со Singapore Airlines за 14 од своите А380 авиони. Според договорот, Kuehne + Nagel на клиентот ќе му обезбеди дигитална поддршка и ќе управува со суровините од добавувачите преку сите начини на транспорт.

“Овој проект за реконструкција на А380 е еден од најпрестижните проекти за реконструкција на авиони во воздушната индустрија, па поради огромниот обем и техничка комплексност ние сме посебно возбудени за ова партнерство со Singapore Airlines. Решението KN Interior Chain ќе биде основа за реновирање на флотата. KN Interior Chain се смета за иновативно решение за логистички барања на проектот за реконструкција. Ние го развиваме и лансираме дигиталното логистичко решение, што го опфаќа целиот животен циклус на внатрешноста на авионите“, изјави Ерик Годхарт, заменик претседател во Kuehne + Nagel.

Преку сертифициран систем, процес и експерти, KN InteriorChain им овозможува на организациите да обезбедат високи стандарди за реновирање. Околу 300 авиони се реновирани и се враќаат во погон според планираниот распоред на KN InteriorChain.