Kuehne + Nagel: Измени во одборот на директори

31

На Јирген Фитчен и Ханс Лерч, кои беа 11, односно 14 години, членови на Одборот на директори на Kuehne + Nagel International AG им завршуваат мандатите на Годишното собрание, што ќе се одржи на седми мај годинава, стои во соопштението.

Дејвид Каменцки е предложен за член во Одборот на директори на Kuehne + Nagel International AG.

Каменецки (1969) има улога на главен стратег и директор за надворешни работи, тој е член на извршниот одбор за управување на Anheuser – Busch Inbev SA/NV (AB InBev), компанија за широка потрошувачка со обрт од 56 милијарди долари. Претходно, Каменецки беше член на Извршниот одбор на MARS Inc., водечка компанија за слатки и ветеринарни здравствени услуги и една од најголемите семејни компании на глобално ниво. Тој има дипломирано финансии, сметководство и контрола на Универзитетот St. Gallen, во Швајцарија и магистрирал надворешни односи на Универзитетот Georgetown, во САД. Каменецки е државјанин на Германија и Швајцарија и има постојан престој во САД.

Др – Јорг Воле, претседател на одборот на директори на Kuehne + Nagel International AG, за оваа прилика изјави:

“Во името на Одборот на директори би сакал да им се заблагодарам на Лерч и Фитчен за нивните успешни и долгогодишни придонеси. Среќни сме што господин Каменецки, успешен менаџер со светско искуство, е предложен за член на одборот на директори”.