Куќа што може да се состави за неколку часа

22

kuka

Фото: M.A.Di Home

Италијанскиот архитект Ренато Видал дизајнира куќа на склопување за којашто се потребни неколку часа да се монтира. M.A.Di Home е модуларен станбен објект што може да издржи и земјотрес. Може да се склопи и спакува во мали димензии и да се испорача со камион.

Кога ќе пристигне на местото каде треба да се монтира, куќата се отвора како шпил од карти, пишува New Atlas.

Куќата е направена од дрво во комбинација со челични носачи што му даваат на објектот сеизмичка отпорност. Ѕидовите се изолирани со камена волна, а полиуретанската пена дава заштита од влага. Објектот не мора да биде изграден на бетонски темел, а на кровот може да се постават соларни панели. Исто така, може да се инсталира систем за собирање на дождовница и систем за прочистување на отпадни води.

Во зависност од потребите на клиентите на располагање се станбени единици од 27 до 84 метри квадратни. Цената за метар квадратен на овој енергетски ефикасен објект изнесува 800 евра.