Култната Nokia 3310 ќе почне да се продава на европскиот пазар

24

nokia-3310-official

Фото: Nokia

Култната Nokia 3310, којашто беше претставена на Mobile World Congress 2017 во февруари, неделава ќе започне да се продава на европскиот пазар. Станува збор за новата верзија на популарниот телефон чијшто модел е потенок и има екран во боја.

Иако пред неколку месеци беше најавено дека неговата цена ќе изнесува 49 евра, на европскиот пазар се поставија различни цени коишто се повисоки, пишува Phone Arena.vКупувачите во Австрија и Германија за 2G моделот ќе треба да издвојат од 53 до 58 евра, а во Шведска треба да се појави и 3G верзија што ќе чини 93 евра.

Телефонот беше препознатлив по автентичната мелодија и играта Snake, а беше продаден во повеќе од 100 милиони примероци. За производството на новата Nokia е задолжена финската компанија HMD.