Култниот Tomos зад себе остави над четири милиони евра долгови

93

Фото: Youtube

Познат е конечниот износ за неуспешниот обид за оживување на производството и продажбата на легендарните мотоцикли Tomos, пишува Siol.net.

Домашни и странски добавувачи, вработени, банки и други партнери во стечајната постапка на компанијата Tomos од Копер, којашто на почетокот на оваа година го запре производството, пријавија побарувања од над четири милиони евра.

Државната SID banka во стечајната маса пријави побарувања во износ нешто помал од еден милион евра, околу 1,2 милиони евра побарува компанијата H&R, Горењска банка има побарувања од 400.000 евра, Moto Star Korea 200.000 евра, индиски Kinetic Engineering 200.000 евра, Posta Slovenijа 200.000 evra и Nova KBM со 100.000 евра.

Во стечајната маса на компанијата влегува имот што веќе е заложен во банка или не може да се претвори во пари. Освен тоа, како што пишува Siol.net, отворено е и прашањето чиј бренд е Tomos, чија вредност се проценува на 200.000 евра. Долго време овој бренд работеше во рамки на словенечката групација Hidria, а пред три години ја откупи претприемачот Изток Пикл.

Инаку, компанијата Tomos од Копер, позната по производство на мотоцикли и вон бродски мотори уште од времето на поранешна Југославија, замина во ликвидација во ноември 2012 година.

Tomos, кратенка од Tovarna motornih koles Sežana (фабрика за моторни велосипеди Сежана), е регистрирана во 1954 година во Сежана во тогашните стратешки напорни да се индустријализираат краишта што гравитираат кон Италија.