Купиле две акции од Amazon во 1997-ма година, а денес…

175

Во 1997-ма година една двојка купила две акции од Amazon, којшто тогаш беше нова компанија за продажба на книги, за својот 12-годишен син. Неколку години подоцна, нивниот син сакал да ги продаде акциите, но неговите родители инсистирале да ги задржи акциите.

Дури 24 години подоцна, Amazon стана една од најголемите и највредни компании во светот, а семејството сега има добра сума на располагање.

Основачот на Amazon, Џеф Безос годинава го пишува последното писмо до акционерите, во коешто свое место си најде и писмото што го добил од ова семејство.

Во него, меѓу другото, се наведува дека ги купиле акциите, бидејќи во тоа време само толку можеле да си дозволат. Акциите што денес ги има семејството вредат околу 81.000 долари.

Оваа година нивниот син Рајан планира да си купи куќа и да продаде дел од акциите за да може да се финансира.

На крајот на писмото напишале дека “посакуваат да можеле да купат барем 10 акции“.

Безос, пак, напишал дека познава луѓе кои парите од акциите од неговата компанија ги искористиле за да ги испратат децата на колеџ, во итни ситуации, за одмори, купување куќа, почнување сопствен бизнис, помагање во хумани цели…

Фото: Pexels