Купувајте само од проверени онлајн продавачи

32

Агенцијата за пошти во континутет упатува  предупредувања кон корисниците за безбедно купување преку интернет и воедно констатира дека граѓаните се уште многу често нарачуваат и купуваат разни добра од непроверени продавачи, порачуваат од Агенција за пошти на Македонија.

Во зголемениот обем на поштенски услуги од онлајн нарачки од почетокот на рестрикциите, значителен е уделот на пратки со откупнина, кои потекнуваат од нерегистрирани трговци, од продажба преку социјалните мрежи (фејсбук и инстаграм) и од друг вид на нелегална трговија.

Притоа, сè поприсутен е притисокот на испраќачите – трговци врз давателите на поштенски услуги, доставувачите да ја наплаќаат цената од примачите, во готови пари (т.н. откупнина за поштенските пратки) и наплатениот износ, исто така во готовина, да го предадат на испраќачите.

“Во вакви околности, отсуството на запис со целосни адресни податоци ( име и презиме/назив за физички и правни лица и нивни полни адреси) за идентификација на секој испраќач – трговец, во евиденцијата за извршени поштенски услуги на давателите на поштенски услуги, не само што Агенцијата како надзорен орган го смета за неисполнување на правата и обврските од издадената дозвола за работа, туку таквото деловно работење и пракса  на давателите на поштенските услуги би можело да значи и свесно помагање на нелегалната трговија, сивата економија и недозволените активности воопшто, однесување кое што го санкционираат други надлежни инспекциски органи“, велат од Агенција за пошти.

Од тука, во духот на добра деловна практика и професионалната соработка, укажуваат на потребата од зголемена свесност за одговорноста на секое правно лице – лиценциран давател на поштенски услуги и на одговорното лице во тоа правното лице, за доследно спроведување на дадените обврски од Агенцијата по однос на поштенската евиденција, документирање и чување на записите.

Секое спротивно постапување  кое не е во согласност со пропишаните обврски на давателите на поштенски услуги, подлежи на санкции.

Фото: Freepik