Квалитетниот транспорт на стоки го диктира и економскиот развој

109

Ефикасниот товарен транспорт обезбедува низа економски придобивки што го збогатуваат животниот стандард преку повеќекратните ефекти, како што се подобра пристапност до пазарите, вработување и дополнителни инвестиции. Улогата што транспортот ја има во економијата, придонесе во изминативе години, континуирано да се вложува во развојот на оваа дејност заради унапредување на квалитетот на услугите, како и воведување на иновации за подобро да се одговори на барањата на клиентите кои се подеднакво присутни како во производниот сектор, така и меѓу потрошувачите.

Во вакви услови, квалитетниот транспорт, особено патниот товарен транспорт, се наметна како незаменлив дел од современото живеење. Главниот предуслов за развиен товарен транспорт е патната инфраструктура, која не ретко се споредува со крвотокот на едно модерно општество.

“Патната инфраструктура е број еден за развој на целата економија, токму поради движењето на стоките и услугите, а носител на основната дејност е товарниот патен транспорт. Соодветно и тој е многу важен за економијата воопшто. Во споредба со железничкиот, морскиот или воздушниот, овој транспорт нуди поголема флексибилност во однос на планирање на времето и брзината на испорака. Голема предност е што обезбедува услуга од врата до врата и може лесно да се адаптира на барањата на клиентите. Всушност, ова реално е и најголемата предност затоа што без развој на патниот товарен транспорт, не може да се реализира ниту еден друг транспорт“, објаснува Дејан Јакимовски од Дени Интернационал, една од најголемите транспортни компании во земјава.

Дени Интернационал, како македонска компанија, успешно работи и надвор од границите низ сите европски држави. За домашната патна инфраструктура велат дека е одлично развиена што овозможува да понудат квалитетна и навремена услуга.

“За робата да стигне до железница, аеродром или пристаниште, секогаш е потребен патен транспорт. Тој е неизбежен дел од кој било мултимодален транспорт, односно кога имаме повеќе видови транспорт за пренесување одредена стока од точка А до точка Б. Ние одлично соработуваме со транспортните компании вклучени во другите видови транспорт и одлично се вклопуваме за да се исполни потребниот транспорт согласно барањата на клиентот“, дообјаснува Јакимовски.

Патниот товарен транспорт има повеќе предности пред останатите видови транспорт. Може да биде многу побрз од останатите затоа што стоката може веднаш или многу брзо да ја напушти појдовната дестинација. Поповолен е за транспорт на кратко растојание а и лесно е да се следи каде се наоѓа стоката во моментот. Има услови за континуирана комуникација со возачот. И најпогоден е за транспорт на стоки во рурални средини.

Се очекува товарниот транспорт низ Европа до 2050 година да се зголеми за 80%, а товарниот транспорт до пристаништа за четири пати во однос на состојбите од пред неколку години. Овие податоци покажуваат дека сѐ повеќе ќе се бараат квалитетни, доверливи и пред сѐ, искусни превозни компании.

Отпочнувањето на процесот за вклучување на Македонија во НАТО алијансата и почетокот на преговорите за влез во ЕУ ќе придонесе и за поголема комуникација и поврзување со фирми и компании од странство кои ќе сакаат да соработуваат со наши домашни компании. Тоа ќе донесе и поголема размена на стоки што, од друга страна, ќе значи и барање компании за да може лесно, брзо и квалитетно да се дистрибуира робата од производителот до потрошувачот. Ќе донесе и нови вложувања во патната инфраструктура за поквалитетен превоз и поквалитетен животен стандард. А тоа го сакаме сите. И оние што произведуваат и оние што купуваат, а и оние што се алката овие продукти да стигнат навреме секаде каде што е потребно.

“Подготвени сме за секој предизвик, без разлика на која дестинација. Долгогодишното искуство и големиот број задоволни клиенти се нашата препорака. Растот на меѓународната размена на стоки ќе значи и поголема фреквенција во дистрибуцијата и дома, на домашните патишта. Со секој квалитетно извршен превоз, купувачот добива и квалитетен продукт, онаков каков го предвидел производителот“, дообјаснува Јакимовски од Дени Интернационал.