Кварталната добивка на Alibaba порасна за 52%

28

Кинескиот интернет трговец, Alibaba во последното тримесечје од минатата година прикажа добивка од 12,2 милијарди долари, што е за 52% повеќе во однос на истиот период една година претходно.

Компанијата продолжува да го искористува силниот раст на интернет трговијата поради пандемијата.

Alibaba евидентираше скок на приходите за 37% во последните три месеци од минатата година, што беше подобро од очекувањата на аналитичарите.

Основните операции на Alibaba профитираа во текот на пандемијата, бидејќи луѓето сè повеќе се завртеа кон онлајн купување без да ги напуштат своите домови. Во рамки на овие резултати влегуваат и приходите остварени во текот на Денот на самците, којшто минатата година значеше промет од десетина милијарди долари.

Фото: Facebook