Лагард: Нема откажување на долгот на членките од еврозоната

32

Претседателката на Европската централна банка (ЕЦБ), Кристин Лагард ги одби повиците да се отпишат долговите коишто членките на еврозоната го направиле за време на кризата од Ковид -19.

ЕЦБ  презема чекори за да го ублажи економскиот удар од пандемијата  лансирајќи масовна шема за купување на обврзници.

“Откажувањето на долгот е незамисливо. Тоа би значело кршење на европскиот договор којшто строго забранува монетарно финансирање на државите“, рече Лагард.

Лагард реагираше на повикот на повеќе од 100 економисти упатен до ЕЦБ да ги прости долговите и дополнително да го зајакне економското закрепнување на членките од еврозоната.

Таа наведе дека сите земји членки на еврозоната ќе излезат од оваа криза со високо ниво на долг.

Фото: Facebook