Лани се произвело помалку млеко, а повеќе месо, јајца и волна

43

 

brown-eggs-3217675_960_720

Фото: Pixabay

Според податоците на Државниот завод за статистика, производството на кравјо млеко во 2017 година изнесува 394.140 илјади литри, што е за 2,2% помалку во однос на 2016 година.

Намалување на производството во 2017 година е забележано кај овчото млеко за 13,9% и кај козјото млеко за 0,4% во однос на претходната година.

Вкупното производство на месо е зголемено за 4,0%, а производството на овчо месо е намалено за 8,4% во однос на претходната година. Производството на другите видови месо во однос на претходната година е зголемено.

Од другите добиточни производи, во 2017, во однос на 2016 година, забележано е зголемено производство на јајца и на волна.