Лани сме потрошиле 43,7 милиони долари на увоз на чоколадо

58

Македонија во текот на минатата година на увоз на чоколадо потроши 43.770.000 долари или 0,3% помалку во споредба со 2018-та година.

На глобално ниво, увозот на чоколадо во 2019-та година изнесуваше 28,5 милијарди долари, што е за 1,3% помалку во однос на една година претходно, покажуваат податоците на World’s top exports.

Најголем увозник во светот лани беа САД, со 10,4% удел во вкупниот увоз на што потрошија три милијарди долари. Меѓу најголемите увозници на чоколадо лани беа и: Германија (2,4 милијарди долари), Франција (2,2 милијарди долари), Велика Британија (2,1 милијарда долари) и Холандија (1,4 милијарди долари).

Од земјите во регионот, најголем увозник е Бугарија со 183,9 милиони долари. Потоа следуваат: Хрватска (173,7 милиони долари), Грција (139,5 милиони долари), Словенија (119,7 милиони долари), Босна и Херцеговина (99,6 милиони долари) и Србија (91 милион долари).

Фото: Freepik