Лани сме потрошиле 5,2 милијарди денари на онлајн купување во странство

79

Македонците, во текот на минатата година, потрошиле 5,2 милијарди денари, со преку 2,8 милиони трансакции, на виртуелни места за продажба во странство, односно електронски продавници, покажуваат податоците на Народна банка.

Најмногу трансакции или 1,2 милиони се реализирани во е – продавници во Велика Британија, каде што Македонците минатата година потрошиле 1,3 милијарди денари. На второ место се САД со 352.081 трансакција и потрошени 436,5 милиони денари. На трето место се 239.534 трансакции во Луксембург со вредност од 283,2 милиони денари.

Од друга страна, најмалку или само 33 трансакции се направени на виртуелни места за продажба на Косово, чија вредност беше 77.739 денари. Втора е Молдавија со 74 трансакции и 171.098 денари, додека на трето место е Босна и Херцеговина со реализирани 133 трансакции во е – продавници во висина од нешто над еден милион денари.

Фото: Pexels