Лани во Шпанија туристи исто како во 1969 година

14

Во текот на минатата година, додека глобалните патувања имаа драматичен пад поради пандемијата, туризмот во Шпанија се намали за 80% на само 19 милиони туристи, што е ниво како во 1969 година.

Шпанија се надева дека воведувањето на ковид пасоши во комбинација со тест за Ковид-19 пред патување, ќе им овозможи на британските туристи да се вратат на шпанските дестинации ова лето, пренесува Ројтерс.

“Го поддржуваме воведувањето на потврда за вакцинација, но не како единствен начин за закрепнување на мобилноста, туку како едно од средства во рамки на повеќе мерки, вклучувајќи го физичкото растојание, тестови пред патување, носење маски и слично“, велат од шпанското министерство за туризам.

Владата не планира да воведе карантин за странските гости, а смета и на тоа дека за брзо време ќе биде постигнат договор меѓу Европа и Велика Британија за укинување на рестрикциите за неважни патувања.

Уделот на туризмот во бруто домашниот производ на земјата се намали меѓу четири и 5%, од 12% во рекордната 2019 година.

Фото: Pexels