Ланската добивка на Аутомакедонија беше околу пет милиони денари

24

Компанијата Аутомакедонија, во периодот јануари – декември лани, прикажа вкупна сеопфатна добивка од 5.092.000 денари, покажува билансот на успех објавен на Македонска берза.

Една година претходно, компанијата оствари добивка од 10.308.000 денари.

На крајот на декември лани, вкупните приходи од продажба изнесуваа 514.858.000 денари, додека на крајот на декември 2018-та година, приходите беа на ниво од 400.700.000 денари.

Фото: Pexels