Ланската добивка на Благој Ѓорев оди за инвестирање во деловни проекти

29

blagoj-gorev-123

Собранието на акционери на прехранбената индустрија Благој Ѓорев од Велес донесе одлука за распределба на чистата добивка од работењето на компанијата во 2016 година.

Остварената чиста добивка од работењето на друштвото во 2016 година во износ од 541.014 денари, како што се наведува, да се употреби и распредели за инвестирање во деловни проекти во интерес на осовременување на процесот на производството во друштвото.