Ланската добивка на ФЗЦ 11 Октомври ќе ја покрива акумулираната загуба од претходните години

22

Собранието на акционери на Фабриката за заварени цевки и профили, 11 Октомври од Куманово, донесе одлука за распределба на добивката остварена по годишната сметка за 2017 година.

“Нето добивката остварена во 2017 година во износ од 34.044.651 денари се распределува за покривање на акумулираната загуба од претходните години“, стои во одлуката.