Ланската загуба на РЖ Услуги ќе се покрива од задолжителната општа резерва

24

rz-uslugi

Одборот на директори на РЖ Услуги донесе предлог одлука за покривање на загубата остварена во текот на минатата година.

“РЖ Услуги ја заврши деловната 2015 година со загуба од 6.913.437 денари. Оваа загуба се покрива на товар на задолжителната општа резерва на компанијата“, стои во предлог одлуката објавена на Македонска берза.

Од компанијата е направен и предлог финансиски план за 2016 година, според кој се проектира загуба од редовно работење во висина од 5.328.000 денари.

“При проекција на финансискиот резултат од работењето на РЖ Услуги за 2016 година, односно за остварување на приходи и расходи на годишно ниво, како појдовна основа во зависност од одделни позиции се земени во предвид минатогодишните резултати во делот на реализирани услуги и примени услуги од добавувачите, како и анализираните показатели од првото тримесечје од 2016 година и влијанието на обемот на работа на погоните во потесното железарско окружување“, стои во предлог финансискиот план за 2016 година, објавен на Македонска берза.

Според проекциите, се очекува приходите од продажба на домашен пазар да достигнат ниво од 119.690.000 денари.

Примарна дејност на РЖ Услуги е собирање, прочистување, производство и дистрибуција на вода за пиење и индустриска вода.