Лего го зголемува производството во Чешка

31

An employee of Danish firm Lego models,Данскиот произведувач на играчки Лего објави дека планира да ги зголеми производните капацитети во Чешка за 30% до 2015 година. На ваков чекор компанијата се одлучи поради зголемената побарувачка во регионот. Во план е да се отворат 800 нови работни места во следните две години.

Карстен Расмусен од европската дивизија изјави дека стратегијата на компанијата да отвора фабрики во близина на главните пазари во Европа и Северна Америка се покажала успешна. Тој не сакаше да открие за колкава инвестиција станува збор, само изјави дека е голема двоцифрена милионска сума, пренесуваат медиумите.

Погонот во Кладно, Чешка веќе неколку пати е прошируван во последните неколку години. Минатата година продажбата на Лего коцките беше зголемена за 25%, благодарение на новата серија дизајнирана за девојчиња.