Lego и BMW создадоа футуристички мотоцикл што лебди

22

lego-bmw

Данскиот производител на играчки, Lego, заедно со дизајнери од автомобилскиот гигант BMW, создадоа футуристички концепт на лебдечки мотоцикл, пишува Inhabitat.

“Футуристичкиот концепт на мотоциклот е неверојатен. Импресиониран сум од идејата со Lego елементи да се создаде модел на мотоцикл што во иднина би можел да се вози“, вели Александар Букан, одговорен на одделот BMW за мотоцикли.

Засега овој модел нема да се најде во производство, но во голема мера ќе им биде од помош на дизајнерите во BMW.

Lego претходно направи минијатурен мотоцикл од најпродаваната серија BMW R 1200 GS Advanture, по што дизајнерите добија инспирација за футуристичкиот мотоцикл што може да лета во воздухот.

Љубители на мотоциклите може да уживаат во BMW R 1200 GS Adventure изработен од Lego елементи за околу 70 долари.